Каменуван домот на актерот и активист Петар Стојковиќ
Група непознати млади лица вчера го каменувала домот на актерот и активист за човекови права Петар Стојковиќ, пренесе НОВА.
Овој инцидент доаѓа само десет дена откако Петар јавно проговори за својата сексуална ориентација по што веднаш започна да добива закани по животот.
-За среќа нема повредени и не е причинета никаква материјална штета. Полицијата дојде по 15 минути откако пријавив, разговараа со мене и ги запознав со заканите по живот кои претходно беа упатени кон мене и направија увид, изјави за НОВА Стојковиќ.
Групата насилници постојано при нападот извикувала "Педери, педери".
ФОТО: Петарстојковиќ.ком