Прилепчани заинтересирани за проектот „Купи куќа-купи стан“
Министерството за финансии и банките pопладнево во големата сала на општина Прилеп пред грраѓаните го претставија владиниот проект „Купи куќа – купи стан“ и сите поволности што ги нуди, особено за младите брачни двојки.
За Јане Житошански од Кривогаштани поволностите во учеството на Владата во кредитирањето и во отплаќањето рати е големо и сериозно поради што размислува да ги искористи.
- Јас сум лично заинтересиран за оваа програма на Владата. Сметам дека е големо олеснување, особено за младите брачни двојки што сакаат да добијат дом. Конкретно, заинтересиран сум за куќа, но отворена е и можноста за стан. Ова е за поздравување зашто младите брачни двојки се во потешка ситуација да си обезбедат дом, а вака имаат големи поволности. Без ваков предлог од Владата незамисливо е да се размислува за нова куќа или стан, вели Житошански.
Според градоначалникот Марјан Ристески прилепчани се заинтересирани за проектот „Купи куќа-купи стан“, а има и станови за купување на располагање.
- Оваа акција максимално ја поддржува локалната самоуправа. Има доволно објекти и нови згради кои им стојат на располагање посебно на младите брачни двојки, изјави Ристески, нагласувајќи дека има голем интерес кај прилепчани за проектот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа