Македонските студенти ќе патуваат низ Европа

Граѓанската асоцијација МОСТ потсетува дека  уште пет дена трае конкурсот за примање апликации за проектот „Патуваме во Европа“ во кој 12 студенти од Македонија ќе добијат  можност да патуваат и да ја истражуваат Европа, но и да ја промовираат својата земја.

- Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа имаат уште пет дена да ги поднесат апликациите. Сите студенти во завршна година од студирање или апсолвенти, со просечна оценка во текот на студирањето поголема од 8, имаат можност ова лето да влезат во Европската унија, информира МОСТ.

Аплицирањето е електронски и трае до 1 јули. Формуларите и информациите за проектот се достапни на www.patvoevropa.org.mk. Патувањето ќе почне на 23 јули, почетна станица за сите избрани студенти ќе биде Берлин, каде што ќе има фестивал на 24-ти и 25 јули, а потоа секој студент по своја желба самостојно ќе го продолжи патот низ Европа.

ФОТО: Сител

најчитано сега