Пробиштип: Се напил па си ја претепал сопругата

 

Вчера во пробиштипската полиција жена пријавила дека континуирано била психички и физички малтретирана од сопругот.

Се работи за 39-годишниот  Д.М. кој откако се вратил дома во пробиштипското село Злетово, почнал да пие ракија и да ја навредува сопругата, а таа ги зела нивните деца и заминала во куќата на нејзините родители, но тој отишол таму и започнал да ја тепа.

Пробиштипјанецот имал 1,48 промили алкохол во крвта.

најчитано сега