Реконструкција на патот Кавадарци - Мушов гроб

Интензивно се одвиваат работите на реконструкцијата на патот од Кавадарци до Мушов гроб.

- Како што ветивме така и направивме. Дупките големи колку кратери полека стануваат минато на патот кој води кон најпознатиот македонски рудник во светски рамки, Алшар, но и кон десетина поткожувски села и неколку значајни компании, изјави градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Тој најави дека набргу ќе аплицираат со проекти за изградба на патиштата од Демир Капија до селото Крњево и од Кавадарци до селото Дисан во Фондот за погранична соработка и Агенцијата за рурален развој. 

ФОТО: Сител 

најчитано сега