Назначен новиот генерален директор на Винарија Сковин

 

По заминувањето на Перо Моцан од 01.04.2015 год. за нов Извршен Директор на Винарија Сковин АД е назначен  Тодор Сејзов. Сејзов е дипломиран економист и има долгогодишно искуство на управувачката позиција Директор на продажба во Лотарија на Македонија.

" Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија  има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд  и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада. Пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент. Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од Кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак, а исто така и морам да споменам дека Сковин АД во целост ги исплати лозарите и со тоа ја испочитува законската обврска за откуп на грозјето предвидено до 30.04.2015г.

Тимот на Сковин предводен од професионални енолози секогаш успева да понуди нови и квалитетни вина, во контекст на ова ќе го споменам последното пенливо вино - Сковин Пенливо кое го лансиравме на пазарот непосредно пред новогодишните празници. Сковин Пенливо е добиено со примена на класична метода на производство што му дава врвен квалитет и неодолив вкус. Иновативноста на Сковин секогаш била нејзина предност, впрочем ние бевме првата винарија која излезе со брендирана ракија и првото пенливо вино ( 2003 год.) "  завршува Сејзов.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега