Нови 300 вработувања - „Антхура Интернатионал БВ“ ја отвора фабриката во Кочани
Министерот без ресор, за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставници на мултинационалната холандска компанија „Антхура Интернатионал БВ“ денеска ќе присуствуваат на отварањето на новоизградената фабрика на холандскиот инвеститор во Кочани кој ќе инвестира над шест милиони евра и ќе вработи над 300 граѓани во кочанскиот регион. Се работи за фабрика со најсовремена технологија за производство на орхидеи и украсни цвеќиња наменети за глобалниот пазар.
- Ова е уште еден пример на отворање работни места преку нови фабрики како резултат на огромните напори за привлекување странски фирми во Македонија. Особено задоволство ми е што оваа фабрика ќе произведува украсни орхидеи преку врвна технологија и висока додадена вредност во Македонија, истакна министерот Самак.
Инаку, „Антхура Интернатионал БВ“ е брзо растечка компанија позиционирана во врвот на глобалната хортикултурна индустрија, особено во делот на цвеќарството т.е флорикултурата, фирма број еден во светот за одгледување и размножување антуриуми, меѓу најдобрите за орхидеи. Има годишен обрт од над 50 милиони евра и производни локации во Холандија, Германија и Кина во кои има вкупно над 700 вработени. Почна со градба на фабриката во декември 2013, а веќе од оваа година има тековно пробно производство и 150 вработени лица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа