Од денеска се менува Фејсбук- еве што е ново

 

Фејсбук денеска ја претстави новата опција. Станува збор за т.н. функција Instant Articles кој на корисниците ќе им понуди ексклузивни приказни на бројни светски медиумски куќи како New York Times, BuzzFeed, National Geographic и NBC News.

 

Содржината која обично се појавува на страниците на овие медиуми сега директно ќе се појавува на Facebook и ќе може да се чита без воопшто да се напушти апликацијата.

 

Фејсбук верува дека на овој начин, читањето вести ќе стане побрзо а компанијата објави и серија интерактивни функции кои издавачите ќе можат да ги користат во рамките на објавените содржини. 

Меѓу опциите се зум, аутоплеј на снимките, звучни клипови и можност да се лакува само одреден цитат од содржината.

 

За Македонија промената нема да има големо влијание бидејќи овие светски медиуми не ги третираат домашните теми. 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега