Ѕирнете што бележеле тајните служби за ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на Фрчковски
Љубомир Фрчковски наредувал следење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Оперативците на ДБК денење - ноќе седеле пред штабот на партијата и прецизно бележеле, кој влегува, а кој излегува од партиското седиште. Весникот Дневник објавува дел од извештаите:
„04.10.1995 г. - ... Во 15.25 часот ’Паун’ излезе од просториите на ’Темел’ и на паркинг-плацот остана околу 10 минути, набљудувајќи ја околината. Потоа на ’Паун’ му се придружи едно женско лице, кое излезе од просториите на ’Темел’, се качија во колата и се упатија кон населбата Јане Сандански, возејќи претпазливо, а потоа отидоа во с. Лисиче...“, пишува во Извештајот на ДБK од 12 октомври 1995 година.
„10.10.1995 г. - Постепено на работа во 7.20. Во 10 часот пред ’Темел‘ со возило дојдоа две машки лица и откако го паркираа, влегоа внатре. Во 10.30 часот пред ’Темел‘ дојде една ТВ-екипа составена од три машки лица и влезе внатре. По кратко задржување од 2-3 минути излегоа и си заминаа. Во 10.35 часот со возило дојдоа возачот, ’Kнига-1‘ и ’Лејди‘, и влегоа во ’Темел‘ ...
11.10.1995 г. - ... во времето од 13.05 до 13.15 часот во ’Темел‘ влегоа повеќе (5-6) телевизиски екипи и неколку фоторепортери (меѓу нив беа забележани ТВ-екипи на телевизија А1, Сител, KРТ и МРТВ). Во 13.20 часот во ’Темел‘ влезе и Борис Стојменов. Во 13.30 часот ’Kенгур‘, заедно со едно машко и едно женско лице, дојде во просториите со возило и откако го паркира, влезе внатре. Потоа ’Kенгур‘ и женското лице се појавија на терасата и го поставија новото знаме на Р. Македонија (возилото го возеше машкото лице)....
12.10.1995 г. - ... во 16.35 часот ’Швркнат’ излезе од ’Темел‘ и замина, а во 16.40 часот си замина и ’Паун’“...
13.10.1995 г. - ... забелешка: во времето од 14 до 18.10 часот во просториите на ’Темел‘ влегуваа повеќе машки и женски лица на возраст од 18 до 25 години, а потоа излегуваа и си заминуваа...“, пишува во Извештајот од 19 октомври 1995 година.
Користени псевдоними
„Темел“ = ВМРО-ДПМНЕ
„Лејди“ = Доста Димовска
„Швркнат“ = Александар Диневски
„Kенгур“ = Иван Соколов