НБРМ со проект за унапредување на Процесот на утврдување на интерниот капитал на банките

 

НБРМ започна со спроведување на проектот „Поддршка на подготовката и спроведувањето на методологијата на НБРМ за проценка на потребниот интерен капитал на банките“.

Проектот е финансиран од Европската унија преку Механизмот за подготовка на проекти во рамките на Националната програма за 2009 година од Инструментот за претпристапна помош во износ од околу 110.000 евра.

Народната банка има за цел постојано да ја унапредува банкарската регулатива, имајќи ги предвид и новите Базелски принципи за ефикасна банкарска супервизија.

Проектот ќе се спроведува преку договор за услуги и ќе трае седум месеци, стои во соопштението од Народната банка на Република Македонија. 

најчитано сега