Тутунарите влегуваат во нова производна реколта

 

Исплатата на субвенциите за тутунот ги израдува земјоделците. Дојде во време кога тие почнаа интензивно да се подготвуваат за нова производна реколта. Тутунските здруженија велат дека тутунарите почнаа да си ги подигнуваат парите од банките, па дури се чувствува и раздвиженост во местата каде има повеќе тутунари, пишува Лидер.

-Сега нормално, овде во Прилеп чаршијата ни живна малку, јас кога ќе излезам на пазар сите ме прашуваа кога ќе се исплатата субвенциите, еве почна исплатата и се чувствува живот во градов, сега сликата е друга, има раздвиженост. Плус парите што ги добиваат, земјоделците сега се спремаат за нова реколта. Има мало намалување на површините со тутун во источниот дел на Македонија и кај нас во Пелагонија, со оглед на временские услови кои лани предизвикаа штети на тутунопроизводителите, па затоа единствена утеха ни се овие субвенциите кои ги добивме деновиве. Со нив влегуваме во нова производна реколта, значи потребни се репроматеријали, системи за наводнување и сите останати работи. Оваа година незнам дали ќе достигнеме до 25 илјади тони тутун, со оглед на фактот дека расадопроизводтсвото стагнира. Еве јас имам 20 леи, но семето не изникна, поради временските услови, изјави Данчо Милевски, претседател на Сојуз на тутунари- Прилеп.

Субвенциите дојдоа во вистинско време

-Парите за субвенции почнаа да легнуваат на сметките во четвртокот, а земјоделците почнаа да си ги подигнуваат кој кога ќе стигне. Оваа мерка ни доаѓа во најтешкото време затоа што сега се очекува расадување на тутунот,обработка на почвата, набавка на репроматеријали, вештачки ѓубрива, препарати. Затоа мислам дека мерката е многу благородна оти кога ни е најтешко, владата ни излегува во пресрет. На пример во Струмица лани имаше зголемено производство но поради климатските услови, сега има мал пад на склулчување на договорите, но се надеваме дека квалитетот ќе биде подобар. Со раширени раци чекаме нови компаниии кои ќе го откупат тутунот, изјави Ванчо Митев, Сојуз на земјоделци- Струмица.

Надлежните институции велат дека субвенциите треба да бидат поттик за земјоделците да и во иднина продолжат со производството на тутун.

-Сите земјоделци кои се занимаваат со производство на тутун од 2014 година реколтата ги добија предвидените средства согласно програмата за финансиска поддршка, а тоа е едно евро по килограм предаден тутун во откупните претпријатија. Триесет илјади и двесте лица добија субвенциии во вредност од една милијарда и четиристотини и педесет милиони денари, значи исплатени се 99 % од земјоделците, а остануваат една бројка од околу 600 тутунопроизводиели кои имаат долгови за надоместоци кон министерството за земјоделство, кои што не им се подмирени( како долгови за закуп, концесија итн) и согласно нивните барања, тие долгови им се пребиени, изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Аплицирање на субвенции до 31 мај

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците да не ги чекаат последните денови од месецов за поднесување барања за земјоделски субвенции. Пријавувањето, како што потсетуваат од МЗШВ, стартуваше на почетокот на минатиот месец, а 31 мај 2015 година е крајниот рок до кога треба да се достават барањата за директни плаќања за растително и сточарско производство.

– Во тек е поднесувањето и барања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од 1-ви јануари до 30-ти април 2015 година. Овие барања, млекопроизводителите треба да ги поднесат во подрачните единици на МЗШВ најдоцна до 15-ти јуни 2015 година. Поднесените барања веднаш влегуваат во процесот на обработка, стои во соопштението од МЗШВ.

Право на користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат земјоделските стопанства кои што се запишани во Единствениот регистар кој се води во Министерството.

-Имајќи го предид фактот дека минатата година согласно програмата за 2014 аплицирале 75 илјади земјоделци можам да кажам дека во моментот постојано се поднесуваат барања, службитре ги прифакаат барањата и работат во две смени. Така да се повикуваат сите да ги користат мерките од програмата, да не чекаат пред шалтерите во последен рок. Упатуваме апел сите земјоделци кои сакаат да ги користат мерките да дојдат да пополнат апликација, изјави Костадиновски.

Дополнителни информации земјоделците може да добијат во подрачните единици на МЗШВ и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

 

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега