Ренџерскиот баталјон на АРМ на обука со американските маринци
Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции на АРМ од 24 до 26 јуни имаше заедничка обука со припадници на Маринскиот Корпус од составот на Црноморските ротациски сили на САД во Европа, соопшти ГШ на АРМ.
Целта на обуката е размена на искуства и зголемување на степенот на интероперабилност на единиците за длабинско надбљудување, подобрување на координацијата во подготовката за учество во здружени операции за стабилизација и поддршка на мирот предводени од НАТО, размена на искуства во доменот на употребата на единиците за специјални операции, како и заедничко и комбинирано планирање и спроведување на операции.
Обуката успешно се изведуваше на различни локации во касарната „Илинден“ во Скопје и стрелиштето „Стенковец“.