Потврдено: Од 1 јули имаме поевтина струја - еве за колку
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на струјата од први јули ќе биде пониска за 5,24 отсто, јавува Економски
Поевтинувањето е побарано заради намалената потрошувачка на електрична енергија заради топлата зима, обилните врнежи кои ги наполнија акумулациите и го зголемија домашното производство што придонесе за намалување на спакиот увоз на струја.
Минатата година струјата поскапуваше два пати и вкупно цената се зголеми за 18%.