Градоначалникот на Неготино даде отчет за сработеното

Следејќи го принципот на одговорно, чесно и транспарентно работење со благовремено информирање на јавноста за се она што како активност го презема локалната самоуправа, а со единствена цел за остварување на заедничката визија-

Неготино да го направиме современ и просперитетен град кој што ќе нуди подобар живот за нас, за нашите деца и идните поколенија, на денешната прес-конференција ќе ве запознаам со дел од досега реализираните проекти и активности во општината.

Во Неготино започнавме со реализација на капитален проект за решавање на најгорливиот проблем – водоснабдувањето. Со поддршка од Владата на РМ и германската KFV банка за обнова и развој, спроведуваме проект за комплетна реконструкција на водоводниот систем. Во прва фаза која е во тек и за која ќе бидат реализирани средства во висина од 270 000 евра се врши замена на постоечките со нови 2 600 автоматизирани водомери. Во втората фаза која ќе следува, ќе биде реконструирана и заменета целокупната водоводна мрежа, со што веруваме дека ќе дојде до драстично намалување на загубите и аналогно на тоа до потрошувачите ќе доаѓаат поголеми количини квалитетна вода за пиење.

Паралелно, за задоволување на потребите на граѓаните од вода за пиење обезбедивме нови и дополнителни 35 литри вода во секунда од бунарите кај село Пепелиште.

Отпочната е постапка за изработка на студија за изградба на нов и поголем резервоар во непосредна близина на постоечкиот во кој би се акумулирале поголеми колични на вода.

Со реализација на споменатите проекти очекуваме во догледно време долгорочно да го решиме проблемот со недостигот од вода за пиење.

Со цел за подобрување на економските состојби во општината, целосно сме фокусирани на локалниот еконосмки развој преку градење партнерски односи со бизнис-секторот. 

Така, при крај е постапката за изградба на индустриски капацитет од лесна и незагадувачка индустрија лоциран во индустриската зона Дуброво со чие профункционирање очекуваме да се вработат од 500 до 600 лица.

Извонредната местоположба што Неготино ја има со главен автопат и железничка станица во непосредна близина ќе се обидеме да ја искористиме при продажбата на градежни парцели во индустриската зона “Неготино” – Црвени    Брегови, која се протега на површина од 30 хектари. Овде за потенцијалните домашни и странски инвеститори нудиме 13 локации со различна површина наменети за изградба на стопански капацитети за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи со можност за изградба и на други капацитети од лесната незагадувачка индустрија. Општина Неготино со цел да ги стимулира потенцијалните инвеститори ќе им понуди и одредени поволности во зависност од висината на инвестицијата и бројот на планираните работни места кои би се отвориле.

Би сакал да ве запознаа дека Неготино е вклучено во проектот на Владата на РМ за изградба на 100 мини-винарии со цел за развој на винскиот сектор и туризмот. Притоа, речиси една третина од локациите-вкупно 28 се наоѓаат на територијата на нашата општина и не можам да потенцирам дека 5 од нив се повеќе продадени и таму ќе се изградат нови винарии. Во сроаботка со министерството за земјоделие и платежната агенција ќе работиме на изградба на комплетна инфраструктура за потребите на винариите и обезбедување пристап до истите.

Го реализиравме и проектот поддржан од министерстовот за транспорт и врски за реконструкција на улицата 11 Октомври каде што со средства во висина од околу 5 милиони денари извршивме замена на дотраената водоводна мрежа со поставување на нови цевки во должина од 270 метри, со паралелна реконструкција на постоечката канализациона мрежа, по што се изврши асфалтирање на улицата. 

Во селото Војшанци со сопствени средства од 5 000 000 денари комплетно го уредивме централното подрачје. Асфалтиран е и центарот на селото и 5 краци на улици во должина од над 300 метри.

1 200 000 денари вложивме во уредувањето на централното подрачје во селото Курија и создадовме пријатен простор за одмор и релаксација.

Градежни активности беа изведени и во урбаниот блок 5.1 во Неготино каде што со средства од 2 000 000 денари се постави водоводна и канализациона мрежа.

Во соработка со Агенцијата за млади и спорт, наскоро во Неготино, во населбата Саат кула ќе започне изградба на тениски игралишта.

Јас како градоначалник на општина Неготино и во наредниот период имам планирано реализација на бројни проекти и активности за подобрување на севкупните услови за живеење на граѓаните и верувам дека спроведувањето на истите ќе биде повод за одржување и на други вакви прес-конференции.

Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.

 

најчитано сега