Дополнителна квота од 500 дозволи за македонски превозници со Франција
На состанок на македонско-француската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во Париз е договерено за годинава да се размени дополнителна квота од 500 билатерално-транзитни дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Потпишан е протокол, со кој исто така е договорена прелиминарна квота за следната година од 500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард, 2.500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард, 20 времени дозволи за превоз и 100 дозволи за и од трети земји за возила со еуро 5 стандард.
- Договореното зголемување на квотата дозволи што ќе се разменуваат е во насока на задоволување на потребите на македонските превозници за превоз на стока кои возат кон и од Франција. Со ова Министерството за транспорт и врски останува на определбата за целосна поддршка на македонските транспортери во насока на зголемување на извозот и присутноста на европските пазари, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа