Нови инвестиции за нови вработувања

 

Нови 2000 илјади вработувања ќе се реализираат во новата американска компанија, која донесе одлука да инвестира во Гостивар.Министерот за странски инвестиции Веле Самак информираше дека до крајот на годината ќе се вработат 300 луѓе. Гринфилд инвестиција треба да биде завршена во текот на 2016-та, која би имала капацитет од околу 2.000 луѓе. Компанијата Леар е водечка фирма, особено во делот на автомобилские седишта, а имаат и дивизија за електроника. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра, а извозот ќе биде во сите европски земји каде има автомобилски производители, пишува Лидер.

-Уште од почетокот на 2013-та година работиме со менаџментот на корпорацијата Леар. Во тој момент пробавме да ги одвлечеме од еден неминовен проект за Романија, но не успеавме. Но, сепак овие две години успеавме да влеземе во дискусии за следен проект, и да бидеме една од можните први дестинации. Ниедна фимра од рангот на Леар, кој има 18 милијарди долари годишен обрт, не одлучува туку така за следна земја. Нормално имавме конкуренции од соседите, а во Македонија беа во конкуренција 4 различни градови. Фирмата на крај се одлучи за полошкиот регион, бидејќи има поголема популација, искуство со текстилна индустрија, и ги најдоа условите кои има се потребни, истакна Самак.

Се преговара и со други странски компании

Во моментот има доста добра листа на потенцијални проекти, кои за релативно кратко или за неколку месеци треба да донесат одлука за инвестирање. Има интензивни комуникации, исто и одлуки кои веќе се донесени и се во фаза на формални чекори кои треба да се донесат пред да има објавување. Се очекува темпото да продолжи со иста динамика, како во последните две години. Министрите за странските инвестиции континуирано работат на привлекување на се поголем број компании.

-Во едно многу тешко време на глобални и европски економски кризи. Значи се очекува во веќе најавените, а се уште неотворени странски инвестиции да бидат отворени нови над 13.000 директни работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување за 2015 година се предвидува поддршка за отворање на 8.500 работни места, изјави неодамна Груевски.

Има вознемиреност кај странските инвеститори

Политичката и економската стабилност се првите фактори кои еден инвеститор ги анализира пред да ја донесе одлуката за вложување. Властите признаваат дека деновите министрите се во интензивни контакти со странските инвеститори, а кај многу од нив има загриженост.

-Тоа што со години овој народ го чекаше за да види и ја почувствува својата посветла иднина, силниот тренд на инвестиции и нови градби на нови производни и услужни капацитети и фабрики, силниот ден на отворање нови работни места, планираните 63.000 нови работни места во четиригодишниот мандат, силниот тренд на раст на извозот кој годишно расте по 15 до 20 отсто, силниот тренд на инвестиции во инфраструктурата, патиштата, железницата, енергетиката, авиосообраќајот, здравството, образованието, силниот тренд на земјоделството, силниот тренд на реформи во многу области, како што се последните во новиот Закон за администрација или лани стапените на сила за судството, силниот тренд на градење на Македонија и раѓање на нова перспектива и надеж за подобра иднина на младите, но и на повозрасните нема да дозволиме тој човек и таа кукавичка група околу него, како и нивните сценаристи, да го срушат. Тоа нема да им го дозволиме, истакна Груевски.

Иако досега немаше посериозни штети по економијата, атмосферата, психолошката состојба и во земјата и во окружувањето, а поврзано со Македонија, сепак, рече има вознемиреност кај странските инвеститори.
Се јави вознемиреност кај странските инвеститори, како кај постоечките, така и кај оние во доаѓање, рече Груевски.

Тој им се обрати и на странските и на домашните инвеститори притоа порачувајќи им дека Македонија нема потенцијал за конфликт и за дестабилизација затоа што народот не го сака тоа.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега