Косовските пратеници го ратификуваа бриселскиот договор

 

Денеска косовските пратеници го изгласаа договорот за нормализација на односите со Белград. Дури две третини од пратениците гласале позитивно за ратификацијата. Договорот за нромализација на односите меѓу Белград и Приштина го потпишаа Дачиќ и Тачи на 19 април во Брисел, а истиот беше одобрен од владите. 

Цело утро голем број на демонстранти се обидуваа да ја спречат седницата и да влезат внатре во зградата но беа спречени од срана на полицијата. При обидот беа уапсени 50 лица, а потпретседателот на косовскиот парламетн Петар Милитиќ на својот Фејсбук обелодени дека дел од пратениците биле нападнати.  

Косовската полиција соопшти дека се уапсени 30 луѓе, а „Самоопределување“ тврди дека до 13 часот уапсени се повеќе од 50 лица.

Потпретседателот на косовскиот Парламент Петар Милитеќ на својот фејсбук профил објавил дека приврзаниците на Самоопределување физички нападнале некој од пратениците.

Во собраниската сала членови на „Самоопределување“ со Аљбин Курти на чело, го истргаа микрофонот од пред претседателот на косовската собрание Јакупи Красниќи во моментот кога тој рече дека на седницата е прусутен 101 пратеник и најави почеток на гласањето за ратификација на бриселскиот договор.

Истовремено пратениците на „Самоопределувањето“ го развиорија знамето на Косово на која пишува „Косово на Хашим“

најчитано сега