„Техникал текстил“ вработува- повторно ќе инвестира во Македонија
Наскоро со работа во слободната економска зона во Штип почнува и германски „Техникал Текстил“. Компанијата веќе стави потпис на договорот за вложување, а капацитетот е во финална фаза од изградба, Лидер.
Сопственикот на компанијата Џенс Вандланд вели дека веќе почнале со носење на првите машини во Македонија. Првите 25 машини се инсталирани, а првите 50 лица се обучени во Словачка, каде што е матичната компанија.
-Во иднина ќе вработиме 200 лица, а на крај ќе има 1.000 вработувања. Моментално бараме работници, администрација и така натаму и многу сме задоволни со работата на луѓето од Македонија. Гледаме добра иднина. Имавме дискусии и со други земји, а многу сме среќни што дојдовме во Македонија. Моментално разговараме за нови инвестиции и повторно ќе инвестираме во Македонија, вели Вандланд.
Првиот човек на компанијата нагласува дека ова е само почеток и мисли дека во иднина ќе направат и многу повеќе.
-Задоволни сме од соработката со Владата, многу ни помагаат. Сите институции соработуваат професионално и гледаме добра шанса и за други инвеститори. Би било супер да најдеме добри работници тука. Ако некој е заинтересиран за разните професии може да побара на интернет на нашата веб страна и би било супер да имаме многу кандидати, вели Вандланд.
Потпишаниот договор со „Техникал Текстил“, инвестиција вредна 10 милиони евра, предвидува отворање на 1.000 работни места.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа