Изборна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС
Денеска заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС ќе одржи изборна седница на Генералното собрание.
На денешната седница ќе се верификуваат нови членови на Управниот и на Надзорниот одбор и ќе се изврши избор на претседателство на Заедницата.
На Генералното собрание на ЗЕЛС ќе се избираат членови на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС, а ќе бидат презентирани и Извештајот за работата на ЗЕЛС.
Ќе се одржи и конститутивна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која членовите од своите редови ќе изберат претседател на УО на ЗЕЛС и двајца потпретседатели. На седницата ќе бидат изнесени предлози за статутарни измени, по што делегатите ќе дискутираат за предизвиците и приоритетите за натамошниот развој на ЗЕЛС и на процесот на децентрализација на власта во земјата.