Намалени цените на производителите на индустриски производи

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно, а пониски за 3,9 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со претходниот месец продажните цени се повисоки во групите Капитални производи за 1,1 отсто, Енергија за 0,7 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 отсто, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во однос на април 2014 година, продажните цени се пониски во групите Енергија за 9,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега