Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели во Македонија

 

Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели (ТВАА) денеска и утре ќе престојува во Македонија во рамки на инцијативата „Meeting the Investors and Enterpreneurs 2015“ за селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи. 

Станува збор за регионален настан со кој се означува почеток на иницијативата која ќе трае од 24 мај – 24 декември 2015 година при што ќе се одржат неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул наесен, годинава.

Според агендата, денеска во Скопје, а утре во Тетово ќе може да се презентираат компаниите кои бараат инвестиција. Предвидени се посебни панели за мали и средни претпријатија и претприемачи, како и за потенцијалните домашни бизнис ангели инвеститори.

ТВАА во Македонија доаѓа во организација на Македонската мрежа на бизнис ангели и центарот Емкице како членка, како и во коорганизација на регионалниот центар Полог, општините Тетово и Гази Баба, Сојузот на стопански комори и Комората на северозападна Македонија и Косме мрежата, со помош на Турската амбасада.

Турската асоцијација на бизнис ангели се смета за една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа. Претставува 70 отсто од 12-те официјално регистрирани мрежи на бизнис ангели во Турција, од кои осум се нејзини членки. ТВАА годишно инвестира околу 400 милиони долари во старт ап, мали и средни компании во Турција и игра клучна улога во развојот на иновациите и вработувањата на младите во целата држава.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега