Регулаторна одлучи: Од полноќ нови цени на горивата во Македонија
Нова цена на бензините и дизелот. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе последната одлука за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Цената на Еуросупер БС95 останува иста и по полноќ ќе се точи за 70,5 денари по литар. За половина денар поевтинува Еуросупер БС98 кој од утре ќе можете да го купите за 72 денари по литар.
Дизелот поевтинува за денар и од полноќ неговата цена ќе биде 57 денари за литар.
Оцени ја веста
01.06.2015 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа