Нема да има зголемени контроли на увозот на јајца

 

Контролите на прехранбените продукти што се пласирани низ нашите маркети или на пазарите се прават според однапред утврдена динамика, врз основа на анализи и процени. Дополнителни контроли се прават и врз основа на претставка од граѓани, но зголемена динамика во областа на проверка на роковите на јајца засега не е предвидена, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Контролите се прават врз основа на процени на ризик. Ако ја земеме минатата година како пример, кога воопшто немало ниедна претставка во областа на јајцата, немало потреба од дополнителни контроли, бидејќи си има редовни проверки вели Абдулезел Догани, заменик-директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Догани појаснува дека самиот оператор требало да ги повлече јајцата со поминат рок од пазарот, но поради превид тоа не го направиле и затоа се казнети со 5.000 евра казна за правното лице и 500 евра за одговорното лице.

Над 5 илјади јајца, увезени од соседна Србија, деновиве биле уништени од инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство, кои утврдиле дека се работи за јајца со поминат рок на употреба, а инспекторите интервенирале по пријава на купувач.

Надлежните информираат дека целата пратка е повлечена и уништена.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега