Исплатени над 80 милиони денари субвенции на 2611 земјоделци
Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи.
За засеани површини со житни култури на 805 земјоделци им се исплатени 25.398.786 денари. За засеана површина со добиточна храна пак, на 510 земјоделци исплатени им се 1.769.999 денари. Исто така за засеана површина со сончоглед и ориз на 275 земјоделци им се исплатени 1.250.505 денари.
За производство на сертифициран семенски материјал исплатени се 5 милиони денари, додека 4 милиони денари се исплатени за употребен сертифициран семенски материјал.
За градинарско производство на 212 земјоделци исплатени им се субвенции во износ од 3.373.663.
На 191 лозар, за одржување на лозови насади, денеска им се исплатени 18.232.955 денари.
Исто така, исплатени се субвенции за поддршка на сточарството на 523 лица и тоа: 10.357.000 денари за одбележани грла овци, 6.611.360 денари за одебележани грла говеда, 2.158.800 за пчели, 1.175.000 за јариња, 988.400 за грла јагниња и 258.000 за маторици.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа