ФОТО: Си седел дома со синот - почнало да тече крв по ѕидовите

 

Кога Томас Кенеди прв пат ги видел црвеникавите дамки на ѕидовите од својата куќа, не размислувал многу и веднаш ги избришал. Сепак, тие мистериозно се вратиле на ѕидот. Овој маж од Оклахома веднаш повикал полиција, а тие му ја потврдиле хорор приказната која не сакал да ја чуе, дека на неговите ѕидови има крв.

Всушност дамките ги открил неговиот мал син. Тој мислел дека синот ставил боја, па земал сунѓер и избришал, но тие не престанале да се појавуваат.

- Земав сунѓер и избришав. Малку потоа, повторно се појави црвена самка, вели запрепастениот маж. 

Всушност, крвта доаѓала од соседниот стан каде починал неговиот сосед. Тој паднал и си ја скршил главата. Специјален тим бил веднаш повикан и влегол во станот и го извадил несреќниот маж на кој немало кој да му помогне.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега