Дачиќ ЕС може донесе историска одлука, но Србија не е целосно задоволна
Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска ја поздрави одлуката на Еврооскиот совет за отпочнување на пристапните преговори нарекувајќи дека истата можеби е историска но Србија нема од овој процес да излезе како најзадоволна страна. По барањето на Германија седницата на владите на сите 28 земји членки ќе се одржи најкасно до јануари 2014 година.
- Не сме најзадоволни поради тоа што е во јануари, но во секој случај ова е историски ден, посочи Дачиќ,
Тој додаде дека одлуката не само што е конечна, туку и оти нема дополнителни услови.
- Денеска се отворени, нема дополнителни услови и нови состаноци на Европскиот совет, истакна Дачиќ.