Познатата Јелена за малку ќе ја продаделе за пари
Познаници на Јелена Голубовиќ тврдат дека нејзината мајка за малку ќе ја продадела ќерка си кога имала 4-5 години, бидејќи германски брачен пар и нуделе за неа цело богатство.
- Вистина е дека сакаа да ја купат. Тие се луѓе од Германија, добар пар, барем на изглед. Тие со години летуваа во истата вила на Хвар, каде што и ние фамилијарно престојувавме. Јелена имаше четири години кога почнавме таму да одиме. Парот при првата средба со Јелена покажуваа чудни реакции. Таа навистина беше слатко дете со весели очи. Секојдневно и купуваа слатки и разни подароци, а веќе после неколку дена почнаа, како да се шегуваат со мене дека сакаат да ја посвојат Јелена. На почетокот тоа го сфатив како шега, па и нив им одговарав на тој начин: Може, може, само дајте добри пари и носете ја веднаш со вас. Но тие тоа не го сфатија како шега и после неколку дена ме викнаа на тераса на вечера и тогаш ми дадоа конкретна понуда, после која за малку не ги турнав на подот. Ми понудија се што имаат и уште пари ако треба само да им ја дадам Јелена. Рекоа дека законски ќе ја посвојат и ќе ја одведат во Германија, рекла мајката на Јелена за еден српски магазин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа