Ставрески: За прв пат по 17 години стапката на невработеност во Македонија падна под 30%

 

Првпат во Македонија, во овие 17 години стапката на невработеност се намали под 30 отсто. Во 2005 година стапката на невработеност беше 39 отсто, или намелена е за околу девет процентни поени, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговорајќи на пратеничко прашање.

Ставрески верува дека не е невозможно и понатаму да продолжи трендот на намалување на стапката на невработеност.

- Нашата цел е стапката на невработеност во Македонија постепено да се приближува кон границата од 20 проценти, место да биде над 30 отсто како што беше во минатото. За тоа Македонија има добар потенцијал, добри шанси. Странските инвестиции што ги носиме отвораат неколку стотици или илјадници работни места, но и домашните инвестиции преку соодветни услови, преку поволни кредити, ќе може да отвораат одреден број на работни места, рече Ставрески.

Невработеноста во Република Македонија, како што рече, се уште е многу висока и останува клучниот проблем, економски и социјален.

- Од друга страна треба да се истакне дека во услови на голема криза во светот, успеавме невработеноста од 39 отсто, колку што беше во 2005 година да ја сведеме на помалку од 30 отсто, историски најниско ниво откако се мери невработеноста од страна на Државниот завод за статистика, рече Ставрески.

Нашите напори, како што рече, се и понатаму со странски и домашни инвестиции да овозможиме да се креираат нови работни места.

Според него, нема друг начин за решавање на невработеноста, освен да се создадат добри услови за странски и за домашни инвеститори.

Тој потенцира дека важно е и општините да продолжат да креираат добри услови исто како и Владата што на централно ниво создава  за инвеститорите.

- Ние ги  држиме даноците на ниско ниво. Македонија има најниски даноци во Европа, најмали трошоци за компаниите, обезбедивме 250 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка  со субвенционирана камата, или 5,5 проценти. Тоа им помага на многу мали и средни претпријатија во Република Македонија да опстанат и да креираат нови работни места, рече Ставрески.

Според него, на сите градоначалници треба да им биде приоритет економскиот развој преку создавање индустриски зони. Потсети на општина Василево каде има 30 фабрики, мали погони, откупни центри, магацини

најчитано сега