Грижата продолжува: Владата дава грантови за нови 400 компании

 

Вториот циклус од програмата за самовработување со која ќе се поддржат 400 лица започнува денеска. 

Вицепремиерот за економски прашање Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денес истакнаа дека ќе им се помогне на 400 невработни лица кои имаат своја бизнис идеја и сакаат да формираат сопствен бизнис, ќе им се даде шанса да добијат неповратни средства, грант во износ од 201.000 денари.

-За реализација на овој втор циклус Владата обезбеди околу 84 милиони денари со кои ќе се помогне создавањето на 400 мали компании кои ќе влијаат на раздвижувањето на македонската економија и намалување на невработеноста, истакна Пешевски.

Вицепремиерот посочи дека Програмата за самовработување како мерка од оперативиот план има за цел да го поттикне претприемништвото, а фактот што не постои општина во земјава во која не се основале мали бизнис претпријатија преку оваа програма, говори дека програмата поттикнува создавање на економски субјекти на територијата на целата државата.

Министерот Спасов потенцираше дека Владата ја покажала решителноста со крупни потфати да работи на намалување на невработеноста. Во однос на оваа мерка, Спасов истакна дека истата има висок процент на успешност.

-Преку 70 проценти од основаните бизниси сè се уште активни. Меѓу активните фирми има раст на вработени за 39 %. На пример во 15 најуспешни фирми кои имаат од 10 до 32 вработени, вкупно се вработени 250 лица. Всушност тоа е целта на оваа програма, да се поддржат невработените лица со оваа програма во основање на сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка неформална дејност и во создавање на дополнителни вработувања,  посочи Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување истакна дека за 32 најиновативни бизниси ќе се доделат поголеми средства, односно 240.400 денари.

На територијата на Град Скопје за пет кандидати од областа на занаетчиската дејност ќе добијат дополнителни средтсва, односно 328.680 денари за секој од нив, а ќе добијат и бесплатни простории за кои ќе биде платена закупнината и бесплатни сметководствени услуги.

Програма за самовработување, во период од 2007-2014 основа 6.775 микро бизниси односно обезбеди 6.885 нови вработувања. 2.426 од основачите на микробизниси се жени, додека 2.070 се млади на возраст до 29 години што според институциите е уште еден показател за успешноста на проектот за кој има голем интерес.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 13:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега