Бизнис делегација од Стопанската комора на Светски коморски конгрес во Торино

 

 

Бизнис-делегација предводена од потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева ќе учествува на 9. Светски коморски конгрес, што од утре до петок ќе се одржува во Торино, Италија.

Конгресот е организиран од Светската федерација на комори и се одржува на секои две години во различни региони од светот. На него ќе учествуваат над 600 комори од светот, бизнис асоцијации и компании.

- Искуството покажа дека учеството на овој конгрес е одлична можност за проширување на деловните контакти, унапредување и стекнување нови знаења, размена на искуства, можности за нови бизнис-соработки со останатите претставници кои ќе учествуваат, како од коморите, така и од бизнис-секторот од целиот свет, велат од Стопанската комора на Македонија.

Во рамки на конгресот планирано е да се реализираат и бизнис-средби меѓу учесниците што претставува можност за воспоставување на соработка меѓу компании или комори од различни држави.

 

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега