Сте ја пресолиле храната? - еве како да го спасите јадењето!

 

Не сте внимавале и сте ставиле премногу сол? И за тој кулинарски проблем има решение.

Се разбира се зависи од тоа каов тип на храна сте пресолиле. Ако е во прашање шпагети или друг вид на тестенини, едноставно додадете уште вода, или замените ја пресолената вода.

Кога е во прашање, супа, сосови, идеално решение е компирот. Имено доволно е да излупениот компир го ставите во јадењето и продолжите со готвењето.

Компирот ќе ја впие солената течност.

Не заборавајте во тој случај да додадете уште течност. Така ако сте го пресолиле јадењето, одредите точен однос на намирници и сол и по можност додадете уште намирници, на пример – зеленчук или месо...

И додавањето на магдонос е одличен начин да го замаскирате вкусот на пресоленото јадење особено кај сосот.

Во принцип најдобра превентива е да не го посолите јадењето во целост во почетокот на подготовките.

Специјалитетот пробајте го пред крајот на готвењето и додадете по потреба и вкус.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега