Темпото на побарувачка на нафта е неверојатно
Темпото на раст на глобалната побарувачка на нафта во првите три месеци од оваа година порасна на етиригодишен максимум, но мали се шансите дека тоа ниво ќе се одржи, се наведува во месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA).
За силниот раст на побарувачката, која во првиот квартал достигна ниво од 1,07 милиони барели дневно, придонесе економското закрепнување, постудената европска зима во однос на минатата година и ниските цени на нафтата кои ја поттикнаа потрошувачката, соопштија од IEA, пренесува агенцијата Франс прес.
Сепак, IEA се сомнева во опстанокот на овие три фактори во втората половина од годината, бидејќи цените на нафтата веќе започнаа да растат, што веројатно ќе ја задуши побарувачката.
„По силниот раст на побарувачката во првата половина од оваа година, прогнозите се дека годишниот раст на побарувачката во втората половина од годината ќе забават во извесна мера и тоа на 1,2 милиони барели дневно“, се наведува во извештајот.
Сепак, за цела оваа година, IEA прогнозира скок на глобалната побарувачка на 94 милиони барели дневно, што е за 0,3 милиони барели дневно повеќе во однос на минатомесечните предвидувања.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа