Литванското претседателство со ЕУ ќе ја разјаснува ситуацијата со Македонија

Литванија денеска го превзеде претседателството со Европската унија од Ирска, а амбасадорот на поранешната советска република при ЕУ, Раимундас Кароблис веднаш вети дека ќе се обидат да ја разјаснат ситуацијата на Македонија во однос на нејзината евро-интеграција.

При денешното претставување на приоритетите на претстојното шестмесечно Литванско претседателство со Советот на Унијата, на прашање на MИА дали ЕУ ќе се соочи со своите проблеми дека една земја (Македонија) е осум години кандидат за членство и добива четири последователни препорки за почеток на преговорите, но е попречена поради противење на една земја-членка (Грција), а сега не доби ниту датум, ниту заклучок на последниот Самит на Европскиот совет, амбасадорот Кароблис со одговор: „Ја знаеме ситуација на Македонија и ќе се обидеме да преземеме чекори во разјаснувањето на ситуацијата со оваа земја наесен, во периодот меѓу октомври и декември“.

- Ние дефинитивно ќе работиме на ова прашање, но мора да разберете дека е сензитивно бидејќи не една, туку две земји-членки на Унијата го блокираат почетокот на пристапните преговори - истакна литванскиот амбасадор при ЕУ и претседавач со КОРЕПЕР-групата на Унијата, каде амбасадорите на 28-те земји-членки ги носат првичните заклучоци за секое прашање.

Во однос на прашањето за проширување на Унијата, Кароблис посочи дека за време на Литванското претседателство, кое е прво откако оваа земја пред девет години стана членка на ЕУ, ќе се отвори уште едно поглавје од преговорите со Турција, а очекува и напредок во преговорите со Црна Гора.

Амбасадорот на Ирска при ЕУ, Рори Монтгомери, кој ја предаде претседателската палка со Унијата на Литванците, посочи дена во однос на проширувањето, денеска е важен ден оти Хрватска и официјално стана дел од ЕУ, а потсети и дека мината недела на Самитот на Европскиот совет е доделен датум за отворање на преговори за членство со Србија и на потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.

- Проширувањете е спор процес, но е неповратен и продолжува, посочи Монтгомери.

Инаку, во претставувањето на приоритетите на Литванското претседателство што ќе трае до крајот на годинава, амбасадорот Кароблис како приоритетни ги посочи идниот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година, за што веќе има договор со Европскито парламент истиот да изнесува 960 милијарди евра. Како втор приоритет тој го истакна зацврстувањето на банкарската унија и воведување на фискална дисциплина, но и економски раст и отворање на нови работни места.

- Важно ни е источното партнерство со Украина, Молдавија, Грузија и Ерманија, за што ќе имаме Самит во неомври, се разбија слободната трговија со САД и Јапонија, а во втората половина на нашето претседателствување ќе одлучуваме и за проширувањето во однос на заклучоци и оценки на статусот на некои земји и за тоа каде сме ние во проспектот на проширувањето, посочи литванскиот амбасадор при ЕУ.

Извор: МИА

најчитано сега