Кортни Лав бесна на Оланд: Побезбедна сум во Багдад отколку во Париз

 

Американската пејачка и актерка Кортни Лав преку Твитер изрази бес обраќајќи му се на францускиот претседател наведувајќи дека се чувствува „побезбедна во Багдад отколку во Париз“.

- Франсоа Оланд, каде е е.... полиција? Дали овде е легално да се напаѓаат туристи? Довлечкај се на аеродром..., напиша таа откако беше блокирана на пат кон аеродром во автомобил поради штрајк на таксисти во Париз.

Во друга порака таа тврди дека била нападната од „штрајкувачите“ додека се возела кон аеродром.

Кортни Лав потоа напиша дека платила на мотоциклист да ја извлече од блокадата, но наводно таксистите тргнале кон неа фрлајќи камења. Повеќе од 3.000 таксисти денеска штрајкуваа во Париз против „дива конкуренција“.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега