Нова супер услуга за сите корисници на ВИП
Следејќи ја својата определба за поголема достапност на производите и услугите, Вип преку услугата Купи Онлајн воведува уште една поволност за своите постпејд корисници. Имено, постпејд корисниците кои од денес ќе направат онлајн нарачка, преку www.vip.mk/webshop , и ќе склучат нов договор или ќе го обноват постоечкиот на 24 месеци, добиваат една месечна претплата бесплатно. Дополнително, ексклузивно само на Купи Онлајн, корисниците ќе можат да одберат еден од телефоните со специјален попуст.
Купи Онлајн е интернет продавницата на Вип која е отворена на почетокот на оваа година, каде купувањето е брзо и ефикасно со бесплатна достава во цела Македонија, а на располагање на корисниците им се речиси сите услуги кои се достапни и во продажните центри на Вип. Корисниците можат да склучат нов или да го обноват својот постоечки постпејд договор, да набават припејд пакети за користење на припејд услугите на Вип, да купат мобилни телефони и друга терминална опрема (припејд картички, интернет стикови итн.) од актуелната понуда на Вип, како и останати услуги, или пак директно со одбирање на производите и услугите во Советникот за телефони кои се означени со знакот кошничка. Плаќањето на интернет продавницата може да се изврши само со платежна картичка и тоа со платежни картички од брендот на MasterCard и VISA, како и со платежните картички на домашните банки. Процесот на плаќање и корисничките податоци се целосно безбедносно заштитени.
Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk/webshop.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа