Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата

 

Од денеска цената на електричната енергија за крајните корисници се намалува за 0,33%. Со новото намалување на цените за електрична енергија,  Македонија се позиционира во регионот како земја со најниска цена за електрична енергија.

Споредбено со земјите во регионот и во Европа, Македонија е земја која има најниска цена за струја во однос на киловат/часови.  Цената од 5.09 денари која се плаќаше до сега за KW/h е една од пониските во регионот и во Европа. Дополнително сега ќе се намали за уште 0.33%.

Поскапа струја во регионот плаќаат жителите на Црна Гора каде цената за KW/h е 6.08 денари, во Албанија цената изнесува 7.13 денари, Турција 8.05 денари, Бугарија 5.53 денари за KW/h.

mace

 

Одлуката за намалување ја соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика, која одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании. Со сметките за месец август граѓаните ќе добијат сметки со намалување од 0,33 проценти.

 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега