ТТК Банка со исклучително атрактивни услови за кредитите за физички лица
Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ја продолжува понудата на атрактивни кредитни производи за физички лица со исклучително поволни услови и во текот на летните месеци.
Корисниците имаат можност да аплицираат за ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит со ФИКСНА годишна каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, со рок на отплата до 10 години, за износи до 10.000 евра, без жиранти, во зависност од месечните примања и без надоместок за одобрување, во промотивен период до 31.08.2015 година. Овој кредит е особено поволен и за рефинансирање на постоечките кредитни обврски и нуди можност, корисниците да се задолжат по поповолна пониска каматна стапка, на подолг рок, со пониска месечна рата и без дополнителни трошоци за одобрување.
Исто така, Банката актуелно го нуди СУПЕР станбениот кредит со атрактивна ФИКСНА годишна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, со само 10% сопствено учество, без трошок за аплицирање, без трошок за проценка за првата година и грејс период до 12 месеци. Во рамки на понудата на станбените кредити, корисниците исто така имаат можност да аплицираат и за станбен кредит со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за првите пет години од 4,90% годишно, односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.
Повеќе информации за кредитите и поволностите кои ги нуди ТТК Банка може да се најдат на веб страната www.ttk.com.mk.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа