Отворени над 4.200 работни места со мерките за кредитирање
Од денеска старуваат огласите за четирите мерки за кредитирање на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Р.Македонија кои ќе траат 30 дена од објавувањето. Македонските компании преку поволни кредите ќе имаат можност за проширување на својот бизнис, а невработените лица да ја реализраат својата бизнис идеја. Дека примената на овие марки белажат голем успех сведочи и приватната компанија„ Даути Комерц“ во која досега преку овие владини мерки за кредитирање се вработени 76 лица.
Компанијата денеска ја посети министерот Диме Спасов кој истакна дека мерките за кредитирање се реализираат од 2007 година за отворање на нови работни места во постоечки компании и за кредитирање за само вработување.
Министерот посочи дека се работи за навистина поволен кредит којшто можат да го земат сите оние кои што имаат бизнис идеја и сакаат да формираат сопствена компанија или пак постоечките компании да отворат нови работни места.
-Сите заинтересирани кои што се навработени или пак сопственици на постоечки компании ќе можат да аплицираат на огласите кои што се објавени и ќе можат да земат кредитни средства од 3000, 5000 и 7000 илјади евра за самовработување или по 3000 и 4000 евра за отворање на ново работно место. Значи кредитите можат да се движат од 5000 до 23000 евра за младите лица до 29 години и воопшто за сите невработени кои имаат бизнис идеја, истакна Спасов.
Како резултат на овие мерки за кредитирањево изминатиов период се се отворени 42000 нови работни места.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски истакна дека огласот започнува од денеска, а ќе трае до крајот на јули и со цел побрзо да им се излезе во пресрет на на заитереситаните субјекти огласот ќе биде поделен на два дела.
-За сите што ќе поднесат апликација заклучно до 20 јули, ќе биде одлучено најкасно до 20 август, а остантите кои ќе поднесат барање после 20 јули ќе бидат разгледани после 10 август, истакна Поповски.
Сите информации за апликација за кредитирање можат да се најдат во центрите на АВРМ или или на веб порталот на АВРМ, а бизнисплановите кои ќе бидат достваувани ќе бидат разгледувани за најкасно 10 дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа