Фуере: Членството во ЕУ е единствено решение за Македонија
Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, во интервју за “Гласот на Америка“ вели дека Македонија нема алтернатива за европската перспектива.
-Секако дека тоа е избор на секоја држава. Но, како што сме виделе низ историјата на европската интеграција, предностите и можностите што се нудат се големи. Се додека Македонија не започне со преговорите, ќе биде во тешка ситуација. Членството во ЕУ е единственото решение, вели поранешниот евроамбасадор.
Фуере смета дека единсттвено преку дијалог може да се дојде до решение за спорот за името со Грција.
-Грција, со оглед дека го презема претседателството со ЕУ следната година, треба да биде пример, меѓу другото и затоа што е автор на Солунската агенда пред 10 години, да стори се’ за да дојде до договор со Македонија. Од друга страна, Македонија треба да ги остави емоциите настрана. Многупати сме рекле дека спорот не е за идентитетот, туку за името. Тоа не е фер, но е реалност, вели Фуере за „Гласот на Америка“.
Фуере смета дека приемот на Хрватска во Европската Унија ќе послужи како добар пример за надминување на сите предизвици преку определеност и комппромис.