ММФ: Добрата бизнис клима ги зголеми странските инвестиции во Македонија

 

Добрата бизнис клима придонесе за привлекување странски директни инвестиции, кои го зголемија извозот и отворија нови работни места, заклучува Меѓународниот монетарен фонд во завршната изјава по редовната посета на мисијата на Македонија.

„Инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот благодарение на странските директни инвестиции во зоните и високиот кредитен раст остануваат главен двигател на економскиот раст на земјава“, се вели во извештајот на ММФ.

 

Со 3,2 отсто проектиран раст од страна на ММФ, Македонија ќе има еден од најдобрите економски резултати во регионот.

Инаку само за годинава, согласно најавите, 20 нови компании треба да почнат со работа во Македонија и да отворат 14 илјади нови работни места во следните неколку години.

Инвестициски бум за ова лето најави и премиерот Никола Груевски. Со работа ќе почнат Техникал Текстајлс во Штип и Дијатек во Скопје, а ќе почнат да се градат капацитетите на ККС, ОДВ Електрик, Гентерм и  Кондево.

Последните податоци покажуваат дека во првите пет месеци извозот на компаниите од слободните индустриски зони е зголемен за 25% во однос на ланската година, која пак беше рекордна. Достигната е сума од 553 милиони евра, а само во мај од 120 милиони евра, што е позитивен чекор за подобрување на трговскиот биланс.

Покрај тоа што странските компании го билдаат извозот, тие отвораат и нови работни места. Во истражувањето на реномираната консултантска куќа „Ернест и Јанг“ за новоотворени работни места од странски инвеститори, Македонија се најде во топ 15 држави и тоа со најголем напредок. Растот изнесува 223%, односно од 1.556 работни места кои странците ги креирале во 2013-та година, лани е достигната бројка од 5.020.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега