Погледнете ја листата: Ова се најголемите должници во Македонија

Над 3.500 фирми и јавни претпријатија но и граѓани и должат на Управата за јавни приходи (УЈП) 280,8 милиони евра за неплатени даноци, социјални придонеси, акцизи и царини.

УЈП ја објави најновата црна листа на должници за долгови доспеани до крајот на март годинава и неплатени до крајот на јуни, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се појавуваат повеќе познати компании од различни сектори, но и неколку јавни претпријатија, како Македонски Шуми, Македонија Пат, Македонска Радио Телевизија, ЈП за стопанисување со спортски објекти и Македонска радиодифузија кои заедно и должат на УЈП 14,6 милиони евра.

Листата можете да ја погледнете тука

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега