„Мулти Шпед" прва шпедиција која успешно ги спроведе првите камиони по новиот компјутеризиран транзитен царински систем

 

Мулти Шпед Дооел - Скопје е првата шпедиција која во соработка со ЕБЛ-Скопје успешно ги спроведе првите камиони по новиот компјутеризиран транзитен царински систем (НЦТС).

Камионите товарени со лим во Скопје, и со феросилициум во Јегуновце со еден транзитен електронски документ се веќе пристигнати во одредените царинарници во Турција. Новиот транзитен систем официјално требаше да биде спроведен на 01.07.2015, но поради релативно комплексни проблеми при истиот, дури денес системот за прв пат беше успешно спроведен од страна на Мулти Шпед. Со новата постапка се скратува задржувањето на товарните возила а истовремено се зголемува одговорноста на шпедитерот - стоката навремено да пристигне во одредената царинарница

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега