Подгответе се: Оваа година годишниот одмор ќе ве чини 8.500 денари повеќе
Годишниот одмор оваа година најверојатно ќе ве чини 8.500 денари повеќе, освен доколку вашиот работодавец не е од оние кои доброволно ќе решат да ви исплатат регрес за годишен одмор или популарно К15.
Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи се договорија регресот за годишен одмор или т.н. К -15 повеќе да не биде задолжителен.
Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите.
Максималната сума која ќе треба да се исплати за К-15 останува 8.500 денари.
Оцени ја веста
14.07.2015 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа