Царинската управа реагира: Компјутеризираниот транзитен систем функционира од март минатата година

 

Царинската управа денеска реагираше по информацијата дека Мулти Шпед е првата шпедиција која успешно ги спроведе првите камиони по новиот компјутеризиран транзитен царински систем.

Во прилог интегрален текст:

Со цел обезбедување на навремено и точно информирање на јавноста, Царинската управа на Република Макеоднија со овој допис Ве информира и најостро реагира за невистините во статијата „Мулти Шпед“ прва шпедиција која успешно ги спроведе првите камиони по новиот компјутеризиран транзитен царински систем, објавена на Вашиот портал на 14.07.2015 година.

Најпрвин, ги демантираме наводите дека „Мулти Шпед“ е првата шпедиција која успешно ги спроведе првите камиони по новиот комјутеризиран транзитен царински систем. Имено, прва шпедиција која успешно спроведе транзитна постапка преку овој систем е ДАУТИ-ТРАНСПОРТШПЕЈД АД Сарај и тоа на 02.07.2015 година, со релација на движење од Република Македонија преку Унгарија до одредеишната испостава во Полска.

Понатаму, ги демантираме наводите во текстот дека „Новиот транзитен систем официјално требаше да биде спроведен на 01.07.2015, но поради релативно комплексни проблеми при истиот, дури денес системот за прв пат беше успешно спроведен од страна на Мулти Шпед“. Ова се сосема погрешни информации, вистината е токму спротивното. Поточно, Новиот компјутеризиран транзитен систем, кој на национално е воведен на 1 март минатата година, функционира одлично, а транзитната постапка оттогаш до 1 јули годинава на национално ниво се одвива преку него, т.е. електронски и без хартија. Од 1 јули системот се поврзан со транзитниот систем на ЕУ, односно Република Македонија стана дел од заедничкиот транзитен систем во кој припаѓаат систе земји членки на ЕУ, ЕФТА и Турција. Преку овој систем успешно се испраќаат/примаат и обработуваат електронски декларации со земјите членки на Конвенцијата. Досега успешно се разменети електронски пораки со Бугарија, Турција, Грција, Хрватска, Унгарија, Полска, Швајцарија, Италија и Белгија.

Во интерес за правилно и објективно информирање на јавноста, Ве замолуваме во најкус можен рок да ја објавите оваа реакција во целост на Вашиот поратал.

Царинската управа останува отворена за соработука, со цел навремено и точно информирање на јавноста.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега