Нови вработувања: Проектот „Македонија вработува“ во Претор

 

Агенцијата за вработување денеска во Претор ќе ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија вработува“. 

Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата на кои граѓаните и бизнисмените се запознаа со можностите за вработување преку овој проект.

Преку проектот може да се вработат лица од повеќе категории. Оние до 35 години, кои се три месеци невработени, а за нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа. 

За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа. За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, додека за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.

За утре е најавена презентација на „Македонија вработува“ во Стење. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега