Уште една потврда за напорите на Владата: Американска инвестиција ќе донесе 3.000 вработувања

 

Околу 3000 вработувања се планирани со новата американска инвестиција во индустриската зона во Тетово.

Американската ЛЕАР корпорација од областа на автомобилската индустрија, денес со Владата на Република Македонија потпиша договор за реализирање на инвестицијата вредна над 18 милиони долари.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, кој активно работел на носење на оваа инвестиција во земјава, истакна дека оваа компанија е втора по големина од глобалните фирми која одлучила да инвестира во Македонија.

Директорот на американската компанија истакна дека до крајот на 2015 година ќе вработат меѓу 150 и 200 лица, до крајот на 2016 бројката на вработени ќе се зголеми на 800, а според натамошните планови ќе се вработат до 3000 лица.

-Наскоро ќе започнеме процес на вработување на шивачи и помошен персонал, кои ќе имаат соодветна обука за кроење и шиење според највисоки стандарди и задоволување на потребите на компаниите за кои произведуваме, посочи Гаљарди.

Премиерот Груевски, кој присуствуваше на потпишувањето, нагласи дека инвестицијата на оваа компанија во Македонија е само потврда за напорите на Владата за влез на што повеќе странски инвестиции во земјава.

Премиерот посочи дека покрај директните 3000 вработувања, ќе има голем број индиректни, што значи сериозно апсорбирање на лицата кои се невработени од полошкиот регион.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, потенцираше дека 2015 година е потврда за лидерската позиција на Македонија во Европа за новоотворени работни места и број на странски инвестиции.

Американската ЛЕАР корпорација во светот вработува 132.000 луѓе, а е лоцирана во 34 земји.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега