Не дозволувајте да ве прелажат: Еве како да си одберете зрела лубеница!
Сите сакаме во лето да се разладиме со убава, ладна и сочна лубеница. Ммммм, звучи одлично нели? Еве неколку трикови како да одберете вкусна лубеница.
Зрелата и слатка лубеница треба да биде со темно зелена боја. Треба да ја подигнете. Ако е зрела, би требало да е тешка за својата величина. Дури 92 посто од лубеницата е составена од вода. Незрелата лубеница е лесна за големината бидејќи не собрала доволно вода.
Исто така, побарајте ја страната на лубеницата која лежела на земја. Секоја лубеница го има тоа место и би требало да биде кремасто и жолтеникаво. Тоа е спој на боја од банана и лимон, а ако е бела или светло жолта бојата, значи дека во раката држите незрела лубеница.
Па искористете ги овие совети и веднаш тркнете во супермаркет да купите зрела лубеница која ќе ве разлади на горештините.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа