Драма во Драчево и Бит Пазар: Семејства молат за помош
Вистинска драма преживуваат две семејства од Скопје и едно од Кавадарци. Имено, вчера во полициската станица во Бит Пазар се јавил 41-годишниот А.И. и пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата сестра, 28-годишната С.Т.
Исто така, според податоците на полицијата, 24-годишната М.М. од Драчево вчера се јавила во полиција и пријавила дека на 17 месецов од дома исчезнал нејзиниот сопруг, 32-годишниот И.М.
Полицијата во Кавадарци пак, примила пријава од вознемирената С.Ѓ.(59) која пријавила дека на 16.07 во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг, 66-годишниот Б.Ѓ.
Полицијата трага по исчезнатите лица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа