Металург го процени Станиќ на 200.000 евра

 

Првите луѓе на Металург немаат намера да се ослободат од нивниот српски чувар на мрежата Дарко Станиќ па ќе инсистираат на сума од над 200,000 евра од сите оние клубови кои ќе покажат интерес за него. Станиќ има уште две години од актуелниот договор со тимот од „Автокоманда“, па оттука челниците на Металург сметаат дека ова би претставувале вистинска сума за неговото обештетување. 

-Со оглед на фактот дека најзагреан за Станиќ е лутиот ривал на „металурзите" - шампионот Вардар, јасно е зошто клубот од Автокоманда не попушта, туку ќе настојува кога веќе го засилува директниот ривал, барем добро да го наплати тој трансфер, пишува порталот.

Останува да се види дали директорот на Вардар Сергеј Самсоненко е доволно подготвен да одвои волку висока сума за елитниот чувар на мрежата. 

 

најчитано сега