Повеќе лица повредени на скопските улици

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи, од кои седум се со последица материјална штета, пет се со последица телесна повреда, при што со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца возачи на мопеди, еден сопатник на мопед и двајца пешаци.

Во 16.40 часот вчера на крстосницата од булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ се случила незгода во која учествувале мопед и автомобил „цитроен“, а со тешка телесна повреда се здобил возачот на мопед и е пренесен во градската општа болница „8 Септември“ каде што му е укажана помош и е ослободен на домашно лекување.

Во текот на изминатитие 24 часа откриени се и санкционирани поголем број прекршоци. Шест возачи на автомобили се санкционирани за управување на возилата под дејство на алкохол, 12 користеле мобилен телефон, четворица не отстапиле предност на пешаците на обележан пешачки премин, како и тројца возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на крстосница.

Санкционирани се и 26 возачи на мопеди и моторцикли за сторени прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило пајак  отстранети се вкупни 31 возило. 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега